ОГРОМНА СМРТНОСТ ОД КОВИД -19 ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ❗️

ОГРОМНА СМРТНОСТ ОД КОВИД -19 ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ❗️

Студија од Харвард посветена на поврзаноста меѓу загадувањето на воздухот и смртноста од КОВИД-19 во САД дала запрепастувачки резултати. Министерство за животна средина и просторно планирање во кординација со Државниот инспекторат за животна средина мора да преземе итни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот доколку сака да се избегнат црни сценарија со доаѓањето на зимата кога повторно ќе бидеме меѓу најзагадените земји во светот.

Венко Филипче, обичните маски не штитат од PM2.5, така што мора да се реши изворот на проблемот – да се намали загадувањето. Во студијата од Харвард е откриено дека зголемувањето од само 1 μg/m3 PM2,5 во однос на просекот – резултира со 8% зголемување на стапката на смртност од КОВИД-19 (95% интервал на доверба [CI]: 2%, 15%). Резултатите се статистички значајни и веродостојни дури и по повторени анализи и анализи на чувствителност.

Што значат тие 8% зголемување на стапката на смртност од македонска перспектива?
Според Американската агенција за заштита на животната средина за безбедно просечно ниво на РМ2,5 се сметаат 12 μg/m3 на годишно ниво. Просекот на РМ2,5 за 2016 г. во Скопје на мерната станица во Центар бил речиси 40 μg/m3 според Годишниот извештај за квалитетот на животната средина 2017 г., а може да се замисли колку е пикот во зима.

Во 2017 година е последниот извештај што го има објавено МЖСПП што само ја истакнува несериозноста на министерството. Од 7 мерни станици во Скопје, само на 3 се мерат честиците РМ2,5 (Карпош, Центар и мобилна станица Ѓорче Петров). Веќе со денови мобилната станица во Ѓорче Петров не мери РМ2,5 честици. Со недоволна покриеност со мерни станици на целата територија на градот и дисфункционални инструменти на оние мерни станици на кои ги има, факт е дека немаме никакви релевантни резултати

Во заклучокот од студијата на Харвард се вели дека мало зголемување на долгорочната изложеност на PM2,5 доведува до големо зголемување на стапката на смртност од КОВИД-19. И покрај ограничувањата на дизајнот на еколошката студија, со резултатите се потенцира важноста од спроведување на регулативи за загадување на воздухот за да се заштити здравјето на луѓето и за време и по кризата од КОВИД-19.

Wu, X., Braun, D., Schwartz, J., Kioumourtzoglou, M.A. and Dominici, F., 2020. Air pollution and COVID-19 mortality in the United States: Strengths and limitations of an ecological regression analysis. Science advances, 6, p.eabd4049.