МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ПОСТОЕЧКИ И НОВИ ОБЈЕКТИ

КАКО ДО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ОБЈЕКТИ?

Градежната индустрија со години наназад е една од најразвиените и најважните индустрии инволвирани во природниот раст на градовите, но истовремено е и една од индустриите кои најмногу придонесуваат кон глобалното загадување.

Според статистиките, во оваа индустрија се користат дури 50% од глобалните природни ресурси, 40% од енергијата, а во целиот процес се генерира околу 50% од вкупниот отпад на глобално ниво.За 1м2 изграден простор за домување, потребни се околу 2 тони необработен градежен материјал. Понатаму, потрошената енергија за изведба на една куќа за домување на просечно четиричлено семејство е еднаква на потрошувачката на истото семејство во период од 50 години.

Генерираниот отпад по основ демолирање и изградба на нови објекти е еднаков на 1 тон по жител на глобално ниво. Овие статистики недвосмислено укажуваат на потребата за итни промени во градежниот сектор, од начинот на изведба на објекти до изборот на материјали и обработки.

За таа цел, изработени се многубројни модели, чијашто цел е активно да ја намалат потрошувачката на енергија, а следствено и да понудат решенија за замена на постоечките со обновливи извори на енергија. Еден од моделите кој активно секористи како водич за енергетски ефикасни објекти е моделот на Trias Energetica, изготвен од страна Универзитетот за технологија во Делфт во Холандија. Овој модел пред сè, се заснова на:

а) Дизајн и изведба на објекти кои максимално ја редуцираат загубата на енергијата, го намалуваат количеството на отпад при изведба и ја минимизираат потрошувачката на електрична енергија произведена од фосилни горива

б) Планирање и имплементација на дополнителни системи за обновлива енергија со тоа што само откако ќе биде задоволен критериумот под а), може да се премине на планирање и имплементација на системите под б).

Целосната студија можете да ја отворите на следниот линк:

https://drive.google.com/file/d/1mgAEh7grU730ludqYfuLTm84jiuiu7PJ/view?fbclid=IwAR1fNKzLpEqMEGmESFJgGWGojY73Ggk0f0_ZjmaCeqdUbxgmmWgO8aRuTlU

#МојаЗаедницаМојаВизија
Здружение за заштита на животните и животната средина ЕДЕН и граѓанска иницијатива #ОхридSOS во соработка со Heinrich-Böll-Stiftung Sarajevo

Придобивки од употреба на сончевата енергија наспроти традиционални извори

Фактот дека градот Скопје има мошне поволна географска положба, како и дека просечното дневно сончево зрачење на неговата територија изнесува 4,06 kWh/m2, претставува силен поттик за изнаоѓање нови решенија и разгледување на сите технички можности за примена на фотоволтаичните системи. Големиот број на сончеви денови само дополнително придонесува за преземање соодветни мерки и чекори коишто полека, но сигурно, треба да го зголемат нивното учество во производството на електричната енергија. Сепак, искористеноста на енергијата од обновливите извори, со особен акцент на сончевата енергија, за жал, сѐ уште е на многу ниско ниво, во споредба со потенцијалот кој истите го имаат на оваа територија. Компаративната анализа на економските и општествените придобивки од поставување фотоволтаични системи на објекти кои се на територија на Град Скопје, наспроти користење енергија од традиционални извори, може да ја видите на следната врска:


https://drive.google.com/file/d/1PgzjOI1xTjAGWH6qqJ_OVYWVu8pOJlX9/view?usp=sharing