МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ КАЈ ПОСТОЕЧКИ И НОВИ ОБЈЕКТИ

КАКО ДО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ОБЈЕКТИ?

Градежната индустрија со години наназад е една од најразвиените и најважните индустрии инволвирани во природниот раст на градовите, но истовремено е и една од индустриите кои најмногу придонесуваат кон глобалното загадување.

Според статистиките, во оваа индустрија се користат дури 50% од глобалните природни ресурси, 40% од енергијата, а во целиот процес се генерира околу 50% од вкупниот отпад на глобално ниво.За 1м2 изграден простор за домување, потребни се околу 2 тони необработен градежен материјал. Понатаму, потрошената енергија за изведба на една куќа за домување на просечно четиричлено семејство е еднаква на потрошувачката на истото семејство во период од 50 години.

Генерираниот отпад по основ демолирање и изградба на нови објекти е еднаков на 1 тон по жител на глобално ниво. Овие статистики недвосмислено укажуваат на потребата за итни промени во градежниот сектор, од начинот на изведба на објекти до изборот на материјали и обработки.

За таа цел, изработени се многубројни модели, чијашто цел е активно да ја намалат потрошувачката на енергија, а следствено и да понудат решенија за замена на постоечките со обновливи извори на енергија. Еден од моделите кој активно секористи како водич за енергетски ефикасни објекти е моделот на Trias Energetica, изготвен од страна Универзитетот за технологија во Делфт во Холандија. Овој модел пред сè, се заснова на:

а) Дизајн и изведба на објекти кои максимално ја редуцираат загубата на енергијата, го намалуваат количеството на отпад при изведба и ја минимизираат потрошувачката на електрична енергија произведена од фосилни горива

б) Планирање и имплементација на дополнителни системи за обновлива енергија со тоа што само откако ќе биде задоволен критериумот под а), може да се премине на планирање и имплементација на системите под б).

Целосната студија можете да ја отворите на следниот линк:

https://drive.google.com/file/d/1mgAEh7grU730ludqYfuLTm84jiuiu7PJ/view?fbclid=IwAR1fNKzLpEqMEGmESFJgGWGojY73Ggk0f0_ZjmaCeqdUbxgmmWgO8aRuTlU

#МојаЗаедницаМојаВизија
Здружение за заштита на животните и животната средина ЕДЕН и граѓанска иницијатива #ОхридSOS во соработка со Heinrich-Böll-Stiftung Sarajevo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *