Публикација: Алатки за евалуација на јавни простори
Во рамки на проектот Одржливи соседства 2 финансиски поддржан од Heinrich Böll Foundation, спроведуван од Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. и Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ создадена е публикацијата Алатки за евалуација на јавни простори: Преглед на јавни простори и студии на случај – Скопје (2018-2023) чијашто цел е да го поттикне интересот кај корисниците да ги анализираат јавните простори така што ќе даде краток критички осврт на нивните карактеристики од аспект на задоволување на нивните потреби.
Податоците добиени со истражувачкиот процес се вметнати на платформата Пасош на Скопје.