Вовед во Охрид, Едукативна еко-тура
Во саботата, 15 септември ја одржавме првата промотивна еко-тура во регионот на Охрид при што ги посетивме Студенчишко Блато, селата Речица и Куратица.
Учесниците можеа да се запознаат со историјата и важноста на Блатото преку екосистемските функциите кои тоа ги остварува, како тоа придонесува за квалитетот на нашата средина и економските добивки од него.
Тргнавме кон блиските планини до Речица. Таканаречените „валјајци“ не се само место каде може да се видат единствените еко-машини за перење во вистинска смисла на зборот. Ладовинката покрај жуборот на шумската река беше совршено место за отпочинување. Пред заминување, дојде група од 20тина странски туристи. Од Куратица пак одевме по римската патека до кориите на илинденците, преку скриениот водопад, па сè до старата воденица, јадејќи смрекови бобинки, диви круши и јаболчиња.