Вовед во Охрид (Предавања во средни училишта)

Вовед во Охрид (Предавања во средни училишта)

Здружението за заштита на животни и животна средина ЕДЕН и Охрид SOS пред учениците во гимназијата Ибрахим Темо во Струга ја претставија „Платформата за зелен и современ Охрид“, изработена благодарение на волонтерскиот труд на активистите на Охрид ЅОЅ. На учениците им беше пренесено дека е важно да се насочуваат на професии поврзани со заштита на животната средина, како и да си ги знаат и практикуваат граѓанските права.

Истовремено им беа поделени маици и картички од садлива хартија со пораки за одржлив развој на регионот. Активноста се одржа во рамки на проектот „Вовед во Охрид“, финансиски поддржан од Фондацијата Heinrich-Böll-Stiftung Sarajevo