ЕКО-ТУРА БРОШУРА: ВОВЕД ВО ОХРИД (OHRID 101)
Во рамките на проектот „Вовед во Охрид“ (Ohrid 101) спроведуван од EDEN Environment и Охрид SOS беа организирани четири едукативни тури во охридскиот рурален регион. Турите беа со цел:
• Збогатување на туристичките содржини како дел од концептот за развој на целогодишен туризам во охридскиот регион.
• Запознавање на учесниците во турата со локалните природни богатства, како и со природните процеси и промени кои се случуваат во локалните екосистеми, посебно оние кои се резултат на човековите активности во регионот.
• Промоција на традиционални начини на живот кои се засноваат на одржливо користење на природните ресурси во секојдневието, економскиот развој и туризмот преку демонстрирање на примери од добри практики.
• Развивање на критична маса за потенцијалите кои постојат за локален одржлив развој, вклучително и развој на одржлив туризам
Финансиски поддржано од Heinrich-Böll-Stiftung Sarajevo