НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА

НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА

„Водите во Република Македонија за производство на електрична енергија се користат и преку мали хидроцентрали. За оваа цел изработена е “Физибилити студија за оправданост на доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроелектрични централи“ (Градежен институт МАКЕДОНИЈА, 2008). Во оваа студија се определени вкупно 406 локации Непосредната изградба на истите може да претставува одредена закана за природата. Уште повеќе ако се има во предвид дека економските придобивки се многу мали не само за населението туку и стопанството.

Имено, сите мали ХЕЦ се планирани на мали притоки, најчесто во горните делови на нивните сливови каде што протоците се мали, а ранливоста на природниот терен и екосистемите e многу голема. Уште повеќе, ако се има во предвид ниската еколошка свест за имплементација на мерките за заштита и реставрација на речните корита и нивните сливови, може да се констатира Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, потребата од преиспитување на можните локации за изградба на мали ХЕЦ и зајакнување на контролата за издавање на концесии.“ (Стр. 60-61)

Врска до Националната стратегија: