ПРОТЕСТ НА ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

ПРОТЕСТ НА ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

📍 Неодамна на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД му се обратија загрижени и револтирани граѓани кои живеат во близина на улица Васко Карангелески и ни испратија фотографии со информација дека околу сто здрави зрели дрвја се обележани за сечење.

Проширувањето на улицата е по директива од Град Скопје, овој масакр е платен со наши пари.

📍 Бараме веднаш да се запре со планираното проширување и да не се дозволи масакр на здрави зрели дрвја во Аеродром – една од најзагадените општини во еден од најзагадените градови во Европа и во светот.

На прагот сме на носење нов ГУП за Скопје, во процес сме на изработка на План за одржлива мобилност на Скопје (SUMP), немаме сеопфатна сообраќајна студија ниту податоци за оптимизација на јавниот транспорт. Без комплетирање на тие појдовни податоци не смее да се реализираат проекти врз основа на планови стари повеќе од половина век.

📍 Скопје мора да се развива врз база на најсовремени научни податоци. При планирањето на одржливата и инклузивна урбана мобилност задолжително е да се интегрирани следните полиња: јавен превоз, намалување на моторен сообраќај, смирување на сообраќај, политики за паркирање, педестријанизација, реалокација на постоен автомобилски простор кон одржлива мобилност, пешачење, возење велосипед, пристапност за лицата со посебни потреби, постарите, децата, лицата со помали приходи; уредување на доставата, безбедност во сообраќајот.

⚠️ Наместо одговорно планирање, континуирано гледаме некохерентни и неретко контрадикторни, но конзистентно автоцентрични политики. Таков е и најновиот случај со наводната реконструкција на булевар Крсте Мисирков, каде што има катастрофално решение за пешаци, а никакво решение за велосипедисти. Функционерите постојат за да му служат на јавниот интерес. Оние кои не си ја исполнуваат должноста мора да бидат сменети

Скопје мора да се развива одржливо и праведно, мора да се стреми кон реализирање на Целите за одржлив развој на Обединетите нации, што значи не смееме да си дозволиме да уништуваме здрави повеќедецениски дрвја за автоцентрични проекти од минатиот век!

Град што не се развива одржливо е град што умира! Не смееме да дозволиме неукоста и клептократијата да ни го земаат здравјето и да нè чинат животи. Скопје мора да биде зелен и хуман град‼️