ТИ МОЖЕШ СЕ` ДА СМЕНИШ!

ТИ МОЖЕШ СЕ` ДА СМЕНИШ!

Деновиве во Струга беа организирани неколку работилници каде што средношколците ги идентификува проблемите на шумите на Галичица и Јабланица, Oхридското Eзеро, селските реки и депониите. Средношколците се свесни за вртоглавото уништување на животната средина и ентузијастички предлагаа контруктивни решенија за зачувување на природата и одржлив развој. Се разговараше за тоа кои се зелени работни места на иднината, кои институции се одговорни за обезбедување питка вода, чување на шумите и справување со отпад.

Активностите се дел од програмата на проектот Power to the People поддржан од Фондацијата Heinrich-Böll-Stiftung Sarajevo