ТИ МОЖЕШ СЀ ДА СМЕНИШ – POWER TO THE PEOPLE

ТИ МОЖЕШ СЀ ДА СМЕНИШ – POWER TO THE PEOPLE

За да бидеме што поефикасни во нашата борба за подобро утре, нужно е секој од нас да ги знае своите права во согласност со македонскиот Устав и законите, бидејќи тоа е основата од која мора да појдеме. Ако сакаме општество во кое се слуша нашиот глас, ако сакаме општество во кое разумот преовладува, ако сакаме општество во кое идните генерации ќе имаат услови за живот на Земјата, ние сме тие кои мора да преземат нешто и да ги сменат околностите. Несебичното вложување на нашето знаење, способности, искуство, време и енергија е единствениот начин сите заедно да го создадеме тој подобар свет во кој сите сакаме да живееме. Оттаму, наша должност е да се вклучиме во процесот на изградба на едно подобро општество, а не да бидеме само неми набљудувачи на штетните промени што ни го загрозуваат секојдневниот живот нам и на нашите најблиски. Моќта на одлучување не ѝ е дадена само на власта, таа му припаѓа на секој граѓанин, но може да ја оствари само оној кој е активен и упорен.

Член 43 од Уставот на Република Македонија:

„Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.“

Активностите се во рамки на проектот Power to the People, поддржан од Фондацијата Heinrich Böll Stiftung