Повик за заедничка акција – коментари кон Нацрт-закон за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

Повик за заедничка акција – коментари кон Нацрт-закон за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

Драги сограѓани,

Здружението за заштита на животни и животна средина Е.Д.Е.Н. и Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ се приклучуваат на борбата за спас на Шар Планина.

Во тек е процес за усвојување на Нацрт-закон за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк.

Нацрт-закон кој НАВИДУМ ќе обезбеди заштита на Шар Планина, а во суштина ги штити хидроелектраните!

Закон кој:
– Озаконува прекршување закони
– Овозможува уништување на еден од ретките последни извори на чиста вода во Македонија
– Предизвикува гентрификација и осиромашување на локалното население
– Го устоличува личниот интерес на штета на јавниот

НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ УСВОЕН!

Затоа, ве молиме да го направите следново:
1. Симнете урнек-коментари по Нацрт-законот од тука.

2. Во Subject на мејл пишете Коментари по Нацрт-закон за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк и во телото на мејлот напишете го своето име и презиме и информациите за контакт кои сакате да ги оставите.

3. Во Сс ставете нè и нас eden.org.mk@gmail.com, ohridsos@gmail.com, за да имаме евиденција од испратените коментари.

4. Испратете ги коментарите на infoeko@moepp.gov.mk

5. Споделете и поттикнете и ваши пријатели и познаници да го сторат истото!

Краен рок за доставување коментари е 20 ноември 2020 г. (петок).

Не смееме да молчиме и да бидеме само неми набљудувачи на уништување! Помогнете ни да се избориме заедно! Дајте ни ја вашата поддршка заедно да ја спасиме Шар Планина од уништување!

Photo credit: ТетовоИнфо.мк