Прирачник за правна самопомош и активизам во област животна средина наменет за млади активисти и почетници
Прирачникот за правна самопомош и активизам во област животна средина наменет за млади активисти и почетници е изработен од Здружението за заштита на животните и животната средина ЕДЕН и Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ како дел од проектот Power to the People, финансиски поддржан од Фондацијата Хајнрих Бел. Прирачникот е концизен и наменет да служи како основно помагало за младите активисти и граѓаните воопшто во остварување на елементарните граѓански права, во него се дадени упатства и насоки и изобилува со бројни примери од искуството на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ.