Придобивки од употреба на сончевата енергија наспроти традиционални извори
Фактот дека градот Скопје има мошне поволна географска положба, како и дека просечното дневно сончево зрачење на неговата територија изнесува 4,06 kWh/m2, претставува силен поттик за изнаоѓање нови решенија и разгледување на сите технички можности за примена на фотоволтаичните системи. Големиот број на сончеви денови само дополнително придонесува за преземање соодветни мерки и чекори коишто полека, но сигурно, треба да го зголемат нивното учество во производството на електричната енергија. Сепак, искористеноста на енергијата од обновливите извори, со особен акцент на сончевата енергија, за жал, сѐ уште е на многу ниско ниво, во споредба со потенцијалот кој истите го имаат на оваа територија. Компаративната анализа на економските и општествените придобивки од поставување фотоволтаични системи на објекти кои се на територија на Град Скопје, наспроти користење енергија од традиционални извори, може да ја видите на следната врска:
https://drive.google.com/file/d/1PgzjOI1xTjAGWH6qqJ_OVYWVu8pOJlX9/view?usp=sharing